
Денеска околу 13 часот се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило и товарно возило во тунелот на автопатот Велес-Скопје.
Спроед првичните сознанија нема повредени лица, а причинета е само материјална штета.
Околу 14 часот сообраќајот е нормализиран, информираат од МВР.
Во моментов се прави увид на местото, по што ќе следуваат повеќе информации во текот на денешниот т.е утрешниот ден.