Нема неправилности во издавањето документи на лицата од Михаил Чаков

Нема никакви неправилности во издавањето на документи на лицата за кои некои невладини организации тврдеа дека биле заведени на непосточки адреси во Општина Кисела Вода за кои поседувале и лични карти.

mihail cakov 2

Направени се проверки за годината кога прв пат лицата биле пријавени на наведената адреса, односно улицата Михаил Чаков, како што беше наведено од невладините организации.

mihail cakov 3

Станува збор за 54 лица, кои имаат лични карти од поодамна, односно имале претходни лични карти на истата адреса. Личните карти на тие адреси се издавани во периодот на претходното раководство на МВР, но има и такви кои за прв пат се издадени во 90-тите или 80-тите години.

mihail cakov 4

МВР апелираше до невладините организации и претставниците на опозицијата да не креираат атмосфера со која би се фрлил сомнеж на претстојните избори или би се дискредитирала вољата на граѓаните и ги охрабрува да побараат одговорност од претходните раководства на Министерството.