Нема новозаболени од морбили, досега 1.018 деца примиле МРП вакцина

Во текот на саботата ден, до 13 часот вкупно 28 деца примиле МРП вакцина, со што досега се вакцинирани вкупно 1.018 деца.

Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти Министерството за здравство.

Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, денеска и утре ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот.

Истовремено Министерството за здравство информира дека МРП вакцините со кои се вакцинираат децата не се со истечен рок на трање.

МРП вакцините Priorix со кои се вакцинираат децата во Скопје и во другите градови од земјава се набавени со тендерот распишан 21.10.2016 година, со склучени договори на 21.03.2017 година.

Вакцините кои се во употреба се Priorix, се со сериски број АМЈРД512АА со рок на траење 07.2019 година и сериски број A69CE583A со рок на траење 05.2019 година.

Во тек е континуирана набавка на вакцини, за имунизација на населението во Република Македонија за период од јули 2018 до јуни 2020 година со повеќегодишна јавна набавка, кое Министерството за здравство ја реализира секои две години, а техничкиот дијалог за оваа набавка е објавен на 27.10.2018.