
Во последните 24 часа се регистрирани 81 заболен од корона, а починати нема, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 787 тестови, а регистрираните нови случаи се во Скопје – 56, Прилеп – 5, Битола, Кратово и Куманово по 3, Кавадарци, Охрид, Тетово и Штип по 2, Берово, Гевгелија и Кичево по 1.
Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 25 реинфекции. Регистрирани сe 77 оздравени пациенти.
Досега во земјата се дијагностицирани 342.696 лица, бројот на оздравени пациенти е 332.787, на починати е 9.531 а бројот на активни случаи изнесува 378. Во Скопје има 233 активни случаи, според официјалната статистика.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.