Пожарот кој утринава избувна во просториите на поранешна Комерцијална банка е локализиран. Нема повредени, а според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина. Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.
Интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила.
Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека пожарот е локализиран во 08:50 часот.
„Станува збор за сложена интервенција затоа што пожарот е во Инспекторатот за животна средина. Се работи за простории во поранешна Комерцијална банка, преградени со гипс картони и стаклени врати. Внатре не работи ниту еден хидрант. Тоа ни претставуваше проблем, изјави Симоновски. Точно не знаевме како да влеземе се додека не пристигнаа од Медиумската информативна агенција кои ни дадоа шема како да влеземе“, изјави Симоновски.
Причина за пожарот, според првичните проценки на Симоновски, е електрична инсталација.
„При интервенцијата на пожарникарите, само еден пожарникар се пожалил на задушување по што интервенирала екипа на брза помош. Пожарникарот е во стабилна состојба“, информира Симоновски