Нема правда, има Бубамара! – 27 февруари во Арена Борис Трајковски

РАДИО БУБА МАРА го обзнани слоганот за престојното 23 издание кој гласи: Нема правда, има Бубамара!

Во пресрет на 23 издание на нашата најпопуларна манифестација ,од штабот на Златна Бубамара ни порачуваат:

Драги наши преживеани  граѓани  и доживотни политичари, Нема правда, има Бубамара!

Имаме милион ипол  причини  да дојдеме и заедно да уживаме  со најголемите  музички, спортски, филмски, театарски и медиумски звезди.

Нашиот бројчаник врти напред, а кај некои други од позади. Дојдете со вашите ташни, раситнете ја стотката и се ќе биде ОК!

Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво..

Рочиштето е закажано во четврток 27. февруари во Арена Борис Трајковски

Нема правда, нема пара, ама има Бубамара!

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од наредната недела,преку www.mktickets.mk и на уште едно продажно место за кое ќе има точна информација наредната недела.

Како и секоја година интересот за билети е преголем како и секоја година кога билетите беа продадени за само 45 минути.