![filipce izjava](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/filipce-izjava.jpg?resize=696%2C419&ssl=1)
Министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање рече дека државата нема формално-правен механизам да им наложи на приватните болници да ги намалат цените
Тој истакна дека веќе е разговарал со директорите на три клиники, а одговор за ова добил само од една дека ќе се обидат да извршат намалување на цената за одреден процент.
– Иако апелирав тоа да се направи заради тоа што е криза и пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат заради тоа што немале економска логика – вели Филипче.
Министерот рече дека најпрво со директорите на приватните клиники е разговарано за медицинскиот кадар кој ќе биде вклучен во системот на ротација и ќе им помогне на колегите кои се во интерните клиники во Скопје.
– Станува збор за пет лекари до болницата Систина, двајца од болницата Ремедика, како и еден лекар од Жан Митрев за кој се уште не е потрдено, затоа што првичната информација беше дека голем број од здравствениот кадар се на боледување – изјави Филипче.