Нема промени во политиката на САД на барањето на Киев да ја гаѓа Русија со долгострелно оружје, тврди Кирби

Соединетите држави не планираат да објават во петокот никаква промена на политиките во однос на војната во Украина во поглед на користењето на проектилите со долг дострел кои му ги испорачуваат на Киев, соопшти Белата куќа.

„Нема промени во нашиот став за давањето на Украина способност за оружјата со долг дострел за напади во внатрешноста на Русија“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби на брифингот со новинарите.

„Не би очекувал никаква голема објава во таа смисла“, произлезена од разговорите меѓу американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Кир Стармер, кои подоцна во петокот попладнето по локално време во Белата куќа, додаде Кирби.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски веќе со месеци бара од западните сојузници предводени од САД да ѝ дозволат на Украина со ракетите коишто ѝ ги испорачуваат со долг дострел, вклучително и американските ATACMS и британските „Storm Shadows“, да напаѓа цели длабоко на територијата на Русија.

Весникот The Guardian во четввртокот објави тврдење дека Велика Британија веќе одлучила да ѝ дозволи на Украина со проектилите со долг „Storm Shadow“ која и ги испорачува да гаѓа цили во лабочина на територијата на Русија, но тоа нема официјално да биде објавено во наредните денови и по средбата на Стармер со Бајден.

Иствремено во четвртокот, другиот мејнстрим бритнаски весник The Telegraph објави, повикувајќи се на извори во британската влада, дека американскиот претседател Џо Бајден може да ја укине забраната за употреба на англиските проектили „Storm Shadow“ за удари на Русија. Овластувањето на Вашингтон за користење на овие ракети е неопходно, бидејќи тие се користат во тандем со американските ракетни и сателитски системи ATACMS.

Кирби рече дека Соединетите држави сериозно го сфаќаат предупредувањето на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе смета дека Западот сега е најдиректно вклучен во војната, доколку Украина истрела проектили со долг дострел од западно производство врз руска територија.

„Ова не е реторика која веќе не сме ја слушнале од него… Очигледно докажа дека е способен за агресија… така што овие изјави ги сфаќаме сериозно“, рече Кирби.

Претходно во петкот Путин посочи дека Украина веќе извршува напади врз руската територија со беспилотни летала и други средства кои се главно произведени во западните земји и со нивна логистика. „Кога станува збор за употреба на оружјето од западно производство со високопрецизно оружје со долг дострел, треба да се разбере дека таквите операции се изведуваат со учество на војската на земјите од НАТО, бидејќи само тие можат да влезат во летачки мисии во ракетни системи, појасни рускиот претседател.

Путин истакна дека „директното учество на Западот во судирот во Украина значително ќе ја промени неговата суштина и ќе значи дека членките на НАТО – САД, европските земји – се во војна со Русија“. „Москва ќе носи одлуки врз основа на заканите што се појавуваат пред неа“, заклучи Путин.

Како што истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавата на рускиот челник за последиците од ударите длабоко во Русија била крајно јасна и недвосмислена, како и дека нема сомнеж дека стисала до адресите на кои им беше наменета.

Вашингтон претходно изјавуваше дека одбива да ѝ достави на Украина оружје со долг дострел за да нападне цели во Русија, стравувајќи дека таквиот потег би можел да го ескалира конфликтот долг две ипол години.

Другите сојузници на Киев обезбедуваат оружје, но со ограничувања за тоа како и кога може да се користи во Русија, поради загриженоста дека таквите напади би можеле да предизвикаат одмазда што ќе ги вовлече земјите на НАТО во војна или ќе предизвика нуклеарен конфликт. Во прв ред, користењето на такво вооружување не е возможно без стручен воен персонал кој Украина не го поседува, како и без сателитски податоци кои ги поседуваат САД.

Извори за Reuters минатата седмица изјавија дека САД се блиску до договор за обезбедување на Украина со такво оружје, но дека Киев ќе мора да почека неколку месеци бидејќи САД ги решаваат техничките проблеми пред каква и да е испорака.
Во вторникот, американскиот државен секретар Ентони Блинкен призна дека Вашингтон ќе му дозволи на Киев да врши напади длабоко на територијата на Русија со американски ракети ATACMS.

Западните медиуми претходно пишуваа дека САД може да му дозволат Киев да удри длабоко во Русија во блиска иднина. Според написите, функционери во американската администрација кои ја поддржуваат таквата сега се обидуваат да го убедат претседателот Бајден.