Нема трага од охриѓанката Маја која избега од дома за да се најде со момче од „Фејбуск“

Се’ уште ни трага, ни глас од Маја Блажевска  која  пред месец дена побегна од домот во охридското село Лешани.

Порталот „Охриднет“ објави дека ни меѓународната потерница по 14-годишната Блажевска не вроди со плод. Македонското министерство за внатрешни работи пред десет дена побара помош од сите полиции во регионот  за пронаоѓање на 14-годишната Блажеска која пред повеќе од еден месец го напушти својот дом.

Предходно беше јавено дека малолетната  Маја избегала од својот дом, со намера да  замине кај момчето кое го запознала преку „Фејсбук“.

„Во овој момент немаме за жал немаме нови релевантни  сознанија и информации каде би можела да се наоѓа и со кого, но штом ќе добиеме каква била информација прво ќе го информираме семејството. Ќе се потрудиме да го обезбедиме девојчето и да го вратиме дома“, изјави Иво Котевски, пренесе „Охриднет“.

Нејзините родители низ солзи ги молат сите, институции, пријатели, познаници и добронамерни граѓани да им помогнат да си најдат ќерката.

„Јас имам едно девојче и тоа ми е сѐ. Или девојчето да ми се јави дали еживо“, вели Ристо Блажески татко на исчезнатата охриѓанка.

Eден месец нема никаква трага од девојчето. Нејзиниот мобилен е недостапен, а последно бил лоциран во областа на Дебарца. Семејството  се сомнева дека таа ја напуштила државата.