Нема транзит на гас преку Украина по 2024 година

Премиерот на Украина Денис Шмигал му рекол на својот словачки колега Роберт Фицо дека Киев нема намера да го обнови договорот за рускиот гас што оди низ Европа, кој истекува кон крајот на 2024 година.

„Позицијата на украинската страна е недвосмислена: договорот за транзит истекува на крајот на годината, нема да разговараме со Русите и да го обновиме договорот. Украинскиот премиер за тоа му кажал на словачкиот колега“, напиша Топалов на неговиот Телеграм канал, цитирајќи го портпаролот на прес-службата на украинскиот кабинет.

Изјавата на украинскиот премиер уследи по видео обраќањето на премиерот на Словачка Роберт Фицо по билатералните разговори. Фицо по средбата со Шмигал рече дека е постигнат договор за веројатно продолжување на рускиот гас преку Украина, особено кон Словачка.

Се појави договор дека транзитот на руски гас преку Украина веројатно ќе продолжи, рече Фицо. Од ова ќе имаат корист погоните во Словачка, како и во Австрија и Италија, истакна тој, додавајќи дека деталите од договорот ќе бидат финализирани наскоро.