-6.2 C
Skopje
четврток, февруари 20, 2025

Немоќта на СДСМ, ножињата во грбот на Груевски и „Амдибајрамовштината“ како политичка идеологија

страшо ангеловски

Со години наназад во своите текстови или телевизиски настапи, се обидувам да ги објаснам подлабоките причини кои Република Македонија ја доведоа до денешната незавидна ситуација.

Самиот себе си, си досадив во изнесувањето на пошироките геостратегиски игри околу Македонија и ,општо во светот, но, сеуште сметам дека доколку, како што велат докторите, не се воспостави точната дијагноза, не може да се изнајде ниту вистинскиот лек. Затоа, уште еднаш, да одиме по ред:

Прво: Факт е дека токму овде се судрија интересите на Руската Федерација, како предводник на православниот свет, за сочувување на православната трансферзала од Северното до Белото море, со интересот на Ватикан за историска средба со исламот. Тоа доведе и до внатрешен латентен судир меѓу православниот македонски народ и радикалните исламски структури во државава, длабоко навлезени во дел од албанското малцинство. Тој судир произведе и проНАТО расположение кај албанското малцинство, кое знаејќи го искуството од 2001 година, со право смета дека влезот во НАТО ќе ја забрза исламизацијата и албанизацијата на Република Македонија и, антиНАТО расположението кај огромен дел од македонскиот народ, кој, пак, сосема со право, смета дека тоа ќе ја загрози неговата иднина во сопствената држава.

Второ: Неолибералната глобалистичка доктрина за завладување со светот преку зомбирање на човештвото, која предвидува човечки единки без корен, потекло и припадност. Па така, преку воведувањето трет пол, после природните машки и женски, се брише родовата припадност; преку легализацијата на истополовите бракови се брише семејството и семејната припадност како основа на секое општество и, преку бришењето на националните држави се брише националната припадност. Ова зло, кое го зафати целиот свет, за жал во Македонија е најинтензивно во обидот да се избрише националната држава на македонскиот народ.

Трето: Големоалбанскиот сон преточен во стратегијата на Кочо Данај, политичкиот советник на Сали Бериша,за природни држави на Балканот, како моќно оружје за остварување на надворешнополитичката стратегија на длабоката држава на Клинтон – Обама за контрола врз регионот кој го нарекоа „Западен Балкан“. Паралелата со еден друг термин во нивната стратегија на влијание, со регионот на „Блискиот исток“, може за жал, да ни навести каква иднина не’ очекува. Создавањето и врвното вооружување на еврејската држава среде муслиманското арапско опкружување на „Блискиот исток“, каде веќе седум децении нема мир, во многу наликува на создавањето на врвно вооружена големоалбанска исламска држава среде православно опкружување, овде на „Западниот Балкан“.

Токму затоа, за да може да го реализира сето ова, сценаристот од длабоката држава, ја искористи немоќта на СДСМ, ножињата во грбот на Груевски и „амдибајрамовштината“ како политичка идеологија.

Но, повторно да одиме по ред:

Прво: Немоќта на СДСМ заради грешките од минатото, заради безидејноста, ароганцијата и немањето програма и визија и после десет изборни циклуси да дојде на власт, до тој степен внесе фрустрации во партијата што дел од членството, кое се гледаше себе си на функции, со привилеги што ги носи власта или со обично долго чекано вработување, прифати раководство подготвено да стори се’ за да се добере до власта. За жал, ги прифати и сите штетни решенија со кои државата се доведе во опасност за сопственото опстојуавње. Раководстото, пак, во болната 11-годишна желба за власт, ги прифати сите уцени, платформи и договори на штета на Република Македонија и македонскиот народ. Со еден збор, ја прифати несреќната улога што му ја додели сценаристот од длабоката држава. А,во својата немоќ, ги прифати и ги амнестира и криминалците од ДУИ за свои партнери.

Второ: „Амдибајрамовштината“ како политичка идеологија да се биде секогаш со власта за да се молзи државата и за да се бега од оговорност за евентуални криминали, сценаристот од длабоката држава ја искористи за да ја ослаби коалицијата „За подобра Македонија“. Па, оттргна неколку политички партии чии имиња не сакам ниту да ги споменам. За жал, искористи и „амдибајрамчиња“ од внатре, од партијата, како разни реформатори, слободоумни, вакви и онакви „патриоти“, кои добија улога да ја поткопуваат партијата, а со тоа и коалицијата, за да успее инсталирањето на немоќниот СДСМ на власт. И,така, со измамата дека го уриваат „груевизмот“, помогнаа во уривање на суверенизмот во сопствената држава. И, на Република Македонија, како држава на македонскиот народ.

Трето: На крајот, за да успее подмолниот план на сценаристот за демонтажа на македонската држава, беа искористени и ножињата од грбот на Груевски. Иако, требаше да останат во длабока тајност за да можат секогаш да бидат користени како ножови во грбот на сопствената партија и по потреба да бидат забодувани во грбот на Мицкоски, развојот на настаните, за среќа, ни ги откри сите нив. Во меѓувреме, сценаристот, создавајќи политички партии од поранешни високи функционери на СДСМ или директори на УБК, на кои им додели улога на контролиран отпор и контролирани бојкоти и блокади, заби нови ножиња, овојпат во грбот на македонската десница. За жал,сите овие ножиња, станаа вистински сатари во черечењето на македонското национално ткиво, сатари во обидот за убиство на македонската држава и македонскиот народ.

И,што сега?

Сега, иако инстант десничарите, инстант патриотите, инстант заштитниците на македонските национални интереси, ќе зборуваат за брзи решенија, за поништување на сите штетни дејанија на оваа Влада, само доколку тие се доберат до власта, сето тоа е лага. Не постојат брзи, инстант решенија. Постои само тешка и напорна битка која, за жал како и многупати во историјата, македонскиот народ мора да ја почне од почеток. Битка која мора да започне со заздравување на македонската десница од раните зададени од ножињата во грбот и од болеста предизвикана од вирусот на „амдибајрамштината“. На секој оној, кој вистински ја сака Македонија, мора да му биде повеќе од јасно дека единствен борец во таа битка е македонската десница. Но, македонската десница исчистена од влијанието на европската квазидесна политичка опција, а идеолошки поткована со суверенистичката прагма за зачувување на суверените држави.

И ќе биде тешко, пеколно тешко. А, првиот чекор во таа пеколно тешка битка, мора да биде во насока на бојкотирање на претседателските избори, доколку не се одржат заедно со вонредни парламентарни. А, доколку сепак се учествува, да се отфрли вештачката теза дека треба да се оди со хибриден кандидат, кој нели ќе им се допадне и на левоориентираните и неопределените гласачи. Доколку се учествува, преку суверенистички, цврсто десен кандидат, десницата во Македонија треба да го започне своето заздравување. И да му даде нова надеж на својот народ. Надеж дека пеколно тешко, но со вера во Бога, после изгубената битка, војната ќе биде добиена.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

slot gacor 777 slot gacor maxwin slot mahjong Bocoran Situs Terbaru Tiksujp Slot Toto 4D Slot Hongkong Gacor Maxwin Istanapetir Live Casino Terpercaya Bandar Togel Resmi Situs Slot Gacor 777 Bandar Slot Gacor Maxwin Link Slot Gacor Slot Thailand Gacor Maxwin Slot Thailand Gacor slot maxwin https://likein.id/ Slot Gacor 2024 Slot Gacor 2024 Slot Gacor Hari Ini Slot Gacor 2024 Slot Gacor 2024 Slot Gacor 2024 Slot Gacor Gampang Menang Cheat Slot Gacor Istanapetir Situs Slot Gacor 4D Slot Gacor Thailland Istanapetir slot thailand cupangjp Cheat Slot Gacor Maxwin Apk Cheat Resmi Slot Gacor Maxwin Slot Gacor Maxwin 2025 Slot Server Tokyo Link Resmi https://onlineradio.jatengprov.go.id/media/ Slot Tergacor Server Thailand 777 Situs Slot gacor Maxwin Terbaru Slot Jp Maxwin Situs Resmi Thailand Slot Resmi Maxwin Server Thailand SLOT GACOR 777 APK SLOT TOTO 4D https://pertanian.hsu.go.id/vendor/ SLOT GACOR SLOT GACOR MAXWIN 777 slot mahjong ways scatter hitam agen slot gacor 777 slot thailand 777 slot thailand slot gacor slot mahjong ways 777 Situs Tergacor 2025 Agen Slot Gacor Maxwin Mahjong Gacor SlotGacor 2025 https://saburai.id/ https://flowerboxatelier.pl/ https://buletin.nscpolteksby.ac.id/ https://nscpolteksby.ac.id/pjdmo/ https://nscpolteksby.ac.id/press/ https://www.opdagverden.dk/ Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor https://info.syekhnurjati.ac.id/vendor/ https://archvizone.com/ https://www.eductrade.com/ https://www.kalro.org/ https://likein.id/ Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor https://sifa.iaiyasnibungo.ac.id/ https://sifa.iaiyasnibungo.ac.id/assets/ https://web.pn-majalengka.go.id/