Ненаспиениот Путин постигна најмногу голови

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот уште еднаш ја демонстрираше својата физичка подготвенсот и постигна најмногу голови на традиционалниот Ноќен хокеарски меч на московскиот Црвен плоштад.

Шеесет и седумгодишниот руски претседател со бројот 11 на грбот постигнал најмногу голови во противничката мрежа предводејќи ја својата екипа во победата од 8:5. Бил заслужен за повеќе од половината од погодоците.

Во екипата на Путин играле и министерот за одбрана Сергеј Шојгу и неколку професионални хокеари. Противничката екипа, пак, била составена од олигарси и регионални политичари.

На традиционалната чајанка по мечот, Путин признал дека во последно време послабо спие. „Не спиев баш многу од минатата седмциа. Малку сон. Четири, пет часа“, рекол.

Мечот беше пренесуван на јавната телевизија. Еден од играчите имаше прикачена камера за гледачите подобро да го следат Путин во играта.

Рускиот претседател често ги покажува своие способности во хокеј и во џудо, боречка вештина во којашто е носител на црн појас од младоста.