Ненси Пелоси, која речиси две децении ги предводеше демократите во Претставничкиот дом на САД, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата.
Оваа 82-годишна жена се смета за најмоќна меѓу демократите во Конгресот и прва жена која била претседател на Претставничкиот дом.
Таа ќе продолжи да ја претставува Калифорнија во Долниот дом на Конгресот, пишува Би-Би-Си.
Пелоси планира за свој наследник да го предложи и поддржи конгресменот Хаким Џефрис, објави денеска сајтот Пак.
Веста доаѓа во момент кога републиканците ја повратија контролата врз Претставничкиот дом по среднорочните избори.