Необични правила ширум светот

Светот е прекрасно место! Нема ништо подобро од шетање и истражување на планетата, држава по држава. Причините зошто луѓето сакаат да патуваат се различни. Тоа може да биде учење, проширување на хоризоните, предизвик, вреднување на вашиот живот, градење на нови односи, бегство, релаксирање, славење или авантура.

Сепак, секоја држава е различна и се истакнува по свои правила, кои најчесто се непишани, па доколку сакате да се вклопите, убаво би било да ги почитувате. Ако сте љубител на патувања или лице кое со нетрпение го очекува своето прво патување, се надеваме дека овие интересни факти што ги собравме ќе бидат навистина од корист за вас.

Велика Британија

  • Никогаш не ги прашувајте луѓето колку заработуваат.

Германија

  • Не честитајте роденден пред време, дури ни ден пред прославата.

Чиле

  • Не јадете со раце. Користете прибор.

Соединетите Американски Држави

  • Не заборавајте да оставите бакшиш во било кој угостителски објект.

Унгарија

  • Не ги удирајте силно чашите кога наздравувате.

Ирска

  • Не се ни обидувајте да имитирате ирски акцент.

Кенија

  • Не ги повикувајте луѓето по нивното име.

Сингапур

  • Не јадете кога се возите во јавен превоз.

Италија

  • Не нарачувајте кафе-капучино во ресторани.

Кина

  • Не подарувајте часовник или чадор.