Пратениците во непалскиот парламент го усвоиле во четвртокот законот со којшто ќе се криминализира практиката на изолација и протерување на Непалките во шупа на една седмицан во текот на траењето на менструацијата.
Во согласност со новиот закон, секој којшто ќе се реши да го применува овој древен хиндуистички обичај, забренет инаку пред десетина години, ќе биде принуден да мине три месеца во затвор и да плати глоба во противредност од 30 американски долари.
Обичајот познат како „чаупади“ е ставен вон законот во 2005 година, но уште е присутен во руралните делови на западен Непал. Повторно дојде во прв план откако неодамна две млади жени починале додека биле во изолација.
Во согласност со хиндуистичката традиција, жените во текот на меструалниот циклус, како и оние коишто само што се породиле, се сметаат за „нечисти“ и лица кои носат несреќа, поради што во тој седумдневени период престојуваат во шупи или штали.
Тогаш имаат минимална заштита и пристап до личната хигиена, па често кај нив се развиваат и по животот опасни болести, а истовремено се осудени на речиси целосна социјална изолација. Неретко се напаѓани од диви животни или ги силуваат мажи од селата.
Таков бил случајот и со деветнаесетгодишната Туласи Шахи од западната непалска покраина Даилек за чиј случај медиумите пиуваа пред еден месец. Починала од каснување на змија отровница додека престојувала во изолација во една таква шупа. Во декември петнаесегодишна Непалка починала откако членовите на нејзиното семејство ја затвориле во шупа којашто воопшто не се проветрувала.
Активистите кои се бореа за носењето на овој закон тврдат дека тој мора навистина да почне да се применува, но и дека ставовите на населението, особено во руралните делови од земјата, мора да се изменат.
http://www.aljazeera.com/news/2017/08/nepal-criminalises-isolation-menstruating-women-170809153456935.html