![mickoski kanal 5 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/mickoski-kanal-5-01.jpg?resize=696%2C375&ssl=1)
Мојата политичка процена дека во овој момент за ВМРО-ДПМНЕ влада со ДУИ и со нивното актуелно раководство е најмалку посакуваното сценарио, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, потенцирајќи дека за криминалните афери ќе има одговорност.
„Ќе се работи со отчетност и не смее да има во влада министри кои не одговараат пред премиерот, туку пред партискиот лидер. Се знае кој е мандатар и кој е премиер. Кажувам дека такви луѓе ако јас бидам мандатар нема да бидат дел од мојот кабинет“, истакна Мицкоски.
Еодаде дека кој ќе биде партнерот на ВМРО-ДПМНЕ во влада ќе одлучат две работи, првата е граѓаните на избори, втората е програмата за која ќе се сложат да се работи во иднина.
„Во политиката не треба да сме во сон туку со отворени очи, кој ќе биде партнерот на ВМРО-ДПМНЕ во влада ќе знаеме следниот ден откако ќе завршат изборите, а дотогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со народот и не само со македонскиот, туку и со албанскиот, турскиот, српскиот, Ромите, Бошњаците, сите“, нагласи Мицкоски.
Во однос на одговорноста, тој посочи дека не може да се премолчи криминалите како за надзорот со коридорите 8 и 10д каде во тендерот се менувани условите додека траел истиот и дека потребна е одговорност.