Непотизмот од страна на министерот за здравство, Венко Филипче продолжува. И покрај низа скандали кои што се обелоденија во јавноста, деновиве излезе на површина уште еден. Имено, сопругата на министерот за здравство Венко Филипче зема хонорар бидејќи членува во Комисија која што го советува.
Ана Филипче членува во национална Комисија за ментално здравје, и за тоа зема хонорар од министерството за здравство. Народни пари се трошат во формирање на бескорисни комисии кои воопшто не профункционираа, ниту во екот на пандемијата.
За оваа состојба која што се случува во изминатиов период предупредува опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Непотизмот кој што се случува по институциите му нема крај, секој функционер на СДСМ има вдомено по државните институции свои блиски.
-Eпидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги, тетки, деца, братучеди, блиски и далечни роднини на партиските функционери. Нема функционер на СДСМ кој што не си ја вработил целата фамилија по државната и јавна администрација, пишува во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ.