Непрописно паркирани кумановци во Скопје, го истапале службеникот на Градски паркинзи

Двајца жители на кумановско село физички го нападнале вработениот во скопското јавно претријатие Грдски паркинзи во петокот попладнето, незадоволни од платената казна за непрописно паркирање, соопшти во саботата Министерството за внатрешни работи.

Ицидентот бил пријавен околу 16.20 часот во СВР Скопје кога било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, 59-годишниот З.М. и 34-годишниот Г.М., двајцата од кумановското село Љубодраг, физички го нападнале 50-годишниот Ж.К.од Скопје, вработен во Градски паркинг Скопје.

Според пријавеното, причина за физичкиот напад било нивното незадоволство од платената казна за непрописно паркирање.

Лицата се обезбедени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.