Несфатениот Заев – изјавата за германски „Ди Цајт“ била грешно интерпретирана

Откако лидерот на опозицијата, Зоран Заев, даде фамозна изјава за германскиот весник „Ди Цајт“ во врска со случајот „Монструм“, дека седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро биле невини, а тоа ударно го објавија сите медиуми кои се под капата на СДСМ и СОРОС, тој вчера се обиде да се „извлече“, велејќи дека германскиот новинар „погрешно го интерпретирал“.

„Најверојатно е грешка во интерпретацијата на самиот новинар. Но сепак, големи сомневања се врзани за овој случај. Тоа го објаснувам јас и во самото интервју и секако со обелоденувањето на вистината за Смилковско езеро или процесот на Владата, Монструм, како што го нарекоа со кривичната пријава, ќе обелодени болна вистина“, рече вчера Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Погрешно или не, намерно или случајно, на јавноста се повеќе и станува јасна стратегијата на опозицијата за поттикнување на меѓуетнички конфликт играјќи со чувствата на семејствата на жртвите и обвинетите во овој случај. Се со цел дестабилизација и удар за актуелната власт, која само на таков начин Заев и СДСМ планираат да ја сменат, бидејќи на регуларни избори, опозицијата е свесна дека не може да ја добие довербата на народот.

По честото ретерирање на Заев, и неговото „погрешно толкување“ во домашните медиуми, се наметнува прашањето, дали опозицијата е толку ажурна и во овој случај, и дали испратила демант до германскиот весник „Ди Цајт“?

 

zeit