Земјите членки на Европската унија не успеја вечерта во петокот да се согласат за нова заедничка декларација со којашто би повикале на брзо распишување избори во Венецуела, иако ЕУ претходно го призна опозицискиот челник Хуан Гуаидо кој се самопрогласи за претседател, а некои членки се под притисок да се согласат со признавњето на самопрогласениот претседател на оваа латиноамериканска земја.
Шпанија и уште неколку други земји членки на ЕУ го оцениле текстот на новата заедничка декларација „преслаб“, рекол неименуван европски дипломатски извори за AFP.
Нацрт текстот предеаден вечерта на владите на 28-те премиери, одрдува дека доколку Николас Мадуро, кој победи на минатогодишните претседателски избори и стапи на должноста во вториот мандат на 10-ти јануари, не се согласи да организира нови избори, „ЕУ ќе ја разгледа можноста да преземен нови чекори, меѓу кои и признавањењ на Хуан Гуаидо за привремен претседател“.
Шпанија одбила да ја поддржи оваа формулација и барала да биде заменета со „ќе одлучи да преземе нови одредби, меѓу кои и признавање на Хуан Гуаидо за привремен претседател“, прецизирале други европски извори. Новиот текс би можело да им биде предаден на земјите членким, но не е прецизирано дали ќе биде разгледуван во текот на ноќта.
Европската унија е поделена меѓу оние кои се залагаат опозицискиот спикер десничарот Хуан Гуаидо, кој е нов на венецуелската политичка сцена, да биде признаен за „привремен претседател“ и они кои досега ја поддржуваа владата на левичарскиот претседател Николас Мадуро.
„Постојат поделби… Некои земји членки се под притисок да го признаат Хуан Гуаидо“, признал дипломат за AFP.