Состојбата со корона вирусот се повеќе се влошува а за тоа показател се последните податоци на неделно ниво кои покажуваат дека пандемијата во Македонија не стивнува и покрај воведениот полициска час, туку напротив вирусот го зема својот данок.
Според секојдневните податоци објавени од страна на Институтот за јавно здравје само во последната недела, бројот на ново заболени се искачил за 5.583 ново инфицирани граѓани, додека бројот на починати пораснал за 1136, со што Македонија од почетокот на пандемијата до сега има регистрирано 3.364 починати.
Граѓаните сметаат дека директно одговорни за ваквата состојба се властите и ресорниот министер Венко Филипче, бидејќи не само што немаат донесено соодветни мерки за заштита на населението, туку не успеале и после 4 месеци да набават вакцини за вакцинација и имунизација на населението.
Според податоците, Република Македонија е земја која има најмал број на набавени вакцини споредбено со земјите од соседството, но и споредбено со земјите од светот.
Светскиот реномиран Блумберг го потврдува истото. Имено од официјалните податоци на анализата на Блумберг јасно се гледа дека од 122 земји во светот, Македонија е петта земја по набавени вакцини, но од позади или 118.
Ваквите анализи, како и претходните анализи и извештаи од страна на меѓународни релевантни институции и списанија се доказ дека во Република Македонија се соочува не само здравствената криза, туку се соочува и со висок степен на корупција и криминал, како и лоша економска состојба што дополнително потврдува дека на власта одамна народски кажано не ги држи конците од свои раце.
И лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира за анализата на Блумберг, пишувајќи дека по број на набавени вакцини Македонија се наоѓа од дното на дното.
Неспособноста на Заев и Филипче да набават вакцини руши рекорди. Блумберг направил анализа и интерактивна мапа за следење на процесот на вакцинација до сега. Македонија е на 118 место од 122 држави. На дното од дното. 5 место, но од назад. Срамота и греота!
Кога ја читаат анализата низ светот ќе мислат дека сме држава во субсахарска Африка, затворени и изолирани од светот, а не држава во срцето на Европа чиј сосед Србија на истата таа листа е во врвот со 2 милиони вакцинирани и скоро 30% од населението имунизирано.
Пред нас се сите. Албанија, Бугарија, Грција, а да не зборуваме и за Хрватска и Словенија.
Заев, Филипче, добро бе луѓе, нели ви е срам кога се читате на Блумберг, заради вас државата ни е за потсмев. Македонија е на дното по број на вакцинирани, полоши од нас се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја.
И Црна Гора и Словенија и Луксембург и Малта и многу други држави се или помали од нас или со иста големина, а веќе имаат десетици или стотици илјади вакцинирани.
Не може за цел свет да има вакцини, само за нас да нема! До вас е! До Заев и Филипче! И вие ги носите на совест сите заболени и починати од јануари навака, тоа се луѓе кои немаше да заболат или починат ако ја набавевте вакцината на време. И за нивната мака ќе одговарате! Ќе одговарате за тоа што им го направивте животот пекол, вели Мицкоски на својот фејсбук прфил.
Од друга страна пак, додека бројот на новозаболени и починати се зголемува, владата не ни помислува да се откажи од пописот на населението, што според ваквите бројки е сулудо да се спроведе во време кога не само што нема вакцини, туку нема ниту сериозна изјава од страна на премиерот Заев и министерот Филипче за евентуално пристигање на вакцини во блиска иднина.
Со по илјадници заразени и по дваесетмина починати, со немање на слободни болнички капацитети и со лошото менаџирање на пандемијата повеќе од јасно е дека воведувањето на полицискиот час не го дава посакуваниот резултат, а власта нема соодветен план за заштита на здравјето на граѓаните.