Нестабилно со повремени поројни врнежи

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во пладневните часови ќе биде нестабилно, прво во западните делови, а потоа нестабилноста претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8.

Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град.

Максималните дневни темпераратури во западните делово од земјата ќе изнесува 19 Целзиусови степени, додека на крајниот југ ќе се искачи до 33-от степен.

Во Скопје и околината максималната температура ќе достигне 30 степени.

Во следните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.