Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше двоен стрелец за својот нов клуб Удинезе во саботата во пријателски натпревар против Кјарлинс.
Дуелот со италијанскиот четвртолигаш беше искористен од страна на тренерот Тудор за да го испроба тандемот Несторовски – Теодорчик. Само неколку минути беа доволни за двајцата голгетери да „кликнат“ и да профункционираат заедно, Теодорчик несебично асистираше, а Несторовски го постигна својот прв гол во дресот на новиот клуб за водство од 1:0. На одмор се замина со водство на Удинезе од 2:0, а ‘Нестор-гол’ во вториот дел постигна уште еден погодок, овојпат за водство од 4:0.
Македонецот беше повлечен од игра во 67 минута заедно со Теодорчик, при позитива на Удинезе од 6:0.