Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, одлучи да не го стави во составот Илија Несторовски, кој синоќа по постигнувањето на голот против Лихтенштајн се упати кон една од камерите и искажа вулгарни зборови.
„Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека откако ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да ѝ го соопштам на јавноста следното: Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија“, соопшти Ангеловски.
Македонскиот национален тим ќе гостува во Германија на 31 март.