Нетанјаху оцени дека целта на нападот на Хамас била да се наруши мирот во регионот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот рече дека верува оти целта на нападот на Хамас врз Израел била да се наруши мирот и да се спречи ширењето на мирот на Блискиот исток и го повика британскиот премиер Риши Сунак да продолжи да ја поддржува контраофанзивата на Израел во палестинската енклава Појасот Газа.

Сунак е последниот во низата западни лидери кои го посетија Ерусалим. Во исто време, тој се обидува да покаже поддршка за Израел и се обиде да договори начин како да се гарантира ослободување на заложниците грабнати од Хамас и да се олесни испораката на хуманитарна помош за жителите на Газа.

Британскиот премиер ќе отпатува за Саудиска Арабија подоцна во четврток и таму ќе се сретне со престолоналседникот Мохамед бин Салман, изјави портпаролот на Сунак.

Упатени извори соопштија дека Саудиска Арабија ги одложила плановите насочени кон нормализирање на односите со Израел, кој е поддржан од САД.

Нетанјаху рече дека целта на нападот на палестинската исламистичка група Хамас од Појасот Газа, во кој беа убиени 1.400 луѓе во Израел, е да ги попречат напорите за воспоставување и проширување на мирот во регионот.

„Бевме на чекор од тоа, но спречувањето на тој потег е една од причините зошто е преземена оваа акција. Ова е едно од нашите најтемни времиња, а тоа значи дека е долга војна и ќе ни треба вашата континуирана поддршка“, изјави Нетанјаху пред Сунак на состанокот во Ерусалим.

Сунак се состана со Нетанјаху по разговорите со израелскиот претседател Исак Херцог. Ја поздрави одлуката да се дозволи испорака на помош во Газа, велејќи дека знаел дека Израел „ги презема сите мерки на претпазливост за да избегне повреди на цивили, што е спротивно на потезите на терористите на Хамас“.

Претходно, Сунак и Херцог ја нагласија потребата да се избегне ескалација на насилството во регионот, што предизвика протести во некои земји, дури и експлозија во болница во Газа, за што Палестинците го обвинија Израел.

Израел негира дека го извршил нападот. Портпаролот на Сунак рече дека британската влада сè уште чека извештај од безбедносните служби пред да понуди мислење.

„Ние ќе бидеме со вас и ќе покажеме солидарност со вашиот народ и правото на одбрана, за да можете да ја вратите безбедноста на вашата земја и да гарантирате безбедно враќање на киднапираните заложници“, рече Сунак во телевизискиот дел од средбата со Херцог.

„Палестинците се жртви на она што го направи Хамас. Важно е да продолжиме да обезбедуваме пристап до хуманитарна помош.

Дипломатските напори на Британија се обид да се смени речиси една деценија намаленото британско влијание на Блискиот исток, при што Лондон се смета за помал партнер на Соединетите држави. Последниот британски премиер што ги посетил Израел и окупираната палестинска енклава Западен брег беше Дејвид Камерон во 2014 година. Во 2022 година, владата дискретно го укина министерското место посветено на односите со Блискиот исток, комбинирајќи ги активностите со Северна Африка, Јужна Азија и Обединетите нации.