Нетанјаху по нападот на неговиот дом: „Ништо нема да ме спречи…“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи денеска, откако неговиот дом во Цезареја, на северот на Израел, бил нападнат со дрон од Либан , дека „ништо нема да го одврати“ и дека Израел „ќе победи во оваа војна“.

„Знаете, пред два дена го убивме масовниот убиец Јахја Синвар и како што реков, ние сме во војна каде што се бориме за опстанок. Ќе продолжиме до крај. Сакам да кажам уште една работа, тоа е дека горд сум на нашите војници, команданти и горд сум на граѓаните на Израел“, рече Нетанјаху.