Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјхау ќе остане челник на десната партија Ликуд по внатрепартиските избори во четвртокот покажува излезната анкета спроведена од 12-от канал на израелската јавна телевизија, а официјалните резултати ќе бидат објавени во раните утрински часови во петокот.
Според проекцијата од излезната анкета, за Бенјамин Нетанјаху гласале 71,54 отсто од активистите на Ликуд, додека за неговиот главен ривал поранешниот министер за внатрешни работи Гидеон Саар гласале 28,48 отсто.
Израелското државно радио Kan објави дека официјалното објавување на резултатите од гласање ќе биде во 2 часот по полноќ во петокот по локално време. Одѕивот на гласањето за челникот на Ликуд, според податоците на радиото, изнесувал 49,15 отсто , а 106-те избирачки места биле затворени во 23 часот. Во партијата инаку стравуваа за излезноста, поради проблематичниот политички период во земјата, како и поради целодневните дождови проследени со силен ветер. Најактивни биле жителите на големите градови, како Ерусалим, Тел Авив, Хаифа и Ашдод. Помалку активни биле жителите на малите градови во внатрешноста, како Мицпе Рамон и Бејт-Џан.
Нетанјаху беше принуден да ги одржи изборите за лидер на Ликуд, бидејќи во партиската елита започнаа разијдувањата и барањата за промена на партиското водство, поради неуспехот на досегашното да формира влада по двата парлемнтарни избори. Токму двата последователни неуспеха на Нетанјаху да формира кабинет беше главниот аргумент на изборната кампања на Саар, кој вети дека доколку победи ќе го предложи Нетанјаху за шеф на државата. Истовремено приврзаниците на Нетанјаху воопшто не беа поколебани од фактот дека првпат во историјата на Израел се покренати обвиненија за корупција и злоупотреба на довербата на јавноста.
Внатрешните избори во досега владејачката партија се одржа во очекувањето на по вторпат повторените предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат во израел на 2-ри март 2020 година. Ова ќе бидат третите избори за помалку од една година. На 12-ти декември Кнесетот (парламентот) во 22-от состав беше распуштен поради истекот на рокот до кој требаше да се договори формирањро на новата владина коалиција, по првото повторување на изборите на 17-ти септември.
Првите избори во 2019 година се одржаа на 9-ти април. Резултатите од нив не му овозможија на Нетанјаху да формира влада во предвидениот рок, по што паетијата на премиерот кон крајот на мај донесе закон за самораспуштање на Кнесетот во 21-от состав и спроведување избори на 17-ти септември. Но и новите избори не донесоа измена на балансот на силите во парламентот.
Изборите на 2-ри март 2020 година ќе бидат третите за 11 месеци, а втори во интервал од шест месеци. Нетанјаху останува шеф на преодната влада, сѐ додека свечена обврска не положи новиот кабинет. Владата со статусот преодна е веќе една година. Органите на власта работат со ограничени овластувања, а парламентот не може да го донесе буџетот. И покрај оптимистичките изјави на политичарите, ставовте на партиите не се фундаментално променети, што значи дека нема јасни знаци дека закажаните повторени избори во март ќе го изведат Израел од политичкиот ќорсокак.