Неубедлива игра но сепак победа над Малта за почетокот на европските квалификации

Македонската фудбалска репрезентација во четвртокот вечерта со победа ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство во Германија во 2024 година во тешката група во којашто уште се фаворизираните Англија, Италија и Украина, откако на домашен терен на скопскиот стадиотн „Тодор Проески“ со 2:1 ја совлада Малта

Во првиот дел се чинеше како македонските фудбалери да се загреваат и оти го чекаат моментот кога ќе поведата, но како изминуваше времето се покажа дека прават премногу грешки и безидејно го намаѓаат малтешкиот гол. Во овој период Миовски се обиде двапати со глава и еднаш Елмас, да го загрозат гостинскиот голман., алта имаше сериозен напад во финишот од полувремет кога Гулаумиер остана осамен по левата страна, но Зајков во последен момент го блокираше неговиот обид.

Понгажирано македонските репрезентатовци го започнаа второто полувреме, но без големи промени во начинот на играта. Поради тоа Милевски се реши на замени, влегоа Несторовски и Чурлинов што придонесе за поопасни атаци кон голот на Малта. Во тој период прво беше покажана најстрога казна за Македонија, но по асистенција на ВАР-от судијата ја повлече одлуката поради симулирање.

Сепак, Македонија поведе во 66 минута кога Алиоски упати долга топка до Миовски кој со глава ја проследи до Елмас кој со прецизен удар го совлада Бонело. Погодокот како да го симна товарот на императивот од македонските играчи и следеа минути на пообмислени акции и веќе во 72 минута Чурлинов пред гостинскиот шеснаесетник двојно проигра со Барди, а првиот потоа влезе казнениот простор и со прецизен удар го удвои водството.

Но во моментите кога се чинеше дека македонската селекција ја има целосно под контрола играта и резултатот, во 86 минута по една мешаница пред голот на Столе Димитриевски и несфатливо слаба реакција на дмашната одбрана дебитантот Јанкам успеа да ја турне топката во празниот гол.

Македонија можеше да ја потврди победата што сепак ја заслуќи кога во 90 минута Барди од слободен удар ја погоди пречката од голот на Малта. Гостинските играчи возвратија во долгото судиско продолжение на мечот преку Мбонг кој од дистанца упати непријатен удар, но за среќа недалеку од дофатот на Димитриевски.

Во тензичната завршница селекторот Благоја Милевски доби црвен картон поради приговор.