– На гласачите места излегоае само 43 отсто од гласачите, па резултатите од изјаснувањето се неважечки, се наведува во соопштението.
За правна валидност на референдумот, одѕивот требаше да изнесува 50 отсто плус еден гласач.
Од оние кои излегле да гласаат, безмалку 98 отсто се изјасниле против квотите на ЕУ, па унгарскиот премиер и лидер на владејачката десничараска партија Фидес, Виктор Орбан, прогласи „победа на референдумот“.
Во првата реакција по соопштување на резултатите, Орбан му порача на Брисел дека сепак треба да ги земе предвид резултатите од изјаснувањето на Унгарците.
Тој во кампањата ги уверуваше гласачите „да се определат меѓу Будимпешта и Брисел“, а по ваквиот исход од изјаснувањето на гласачите рече дека ќе го промени Уставот на земјата со цел владината одлука против квотите да стане обврзувачка.
Опозицијата која демонстрираше против политиката на премиерот Орбан во време на гласањето, соопшти дека „Владата не успеала да ја добие подршката што и била потребна“.
Лидерот на опозициската Демократска коалиција, Ференц Ѓурчани рече дека малиот одзив на референдумот е знак оти повеќето луѓе не ја поддржуваат Владата.
Според планот на Европската комисија за разместување на 160 илјади мигранти низ земјите членки на ЕУ, предвидува Унгарија, која има над десет милиони жители, да прими 1.294 лица кои бараат азил.
Предлогот на Брисел се заснова врз декларираната солидарност во ЕУ и за да им се олесни на Грција и Италија, врз кои е најголемиот бегалски притисок.
За време на минатогоишната мигрантска криза, Унгарија стана транзитна територија на луѓжето кои преку земјите на Западен Балкан минуваа кон Германија и другите западноевропски држави.
За да го запре минувањето преку унгарската територија, Владата на Орбан нареди „запечатување“ на границата, со поставување жичена ограда кон Србија и Хрватска.
Аналиитчарите во Будимпешта на исходот од референдумот гледаат како на неуспех на Виктор Орбан, особено што се верува дека оние кои излегле да гласаат во најголем број се негови приврзанци и гласачи на владеачката партија Фидес.
Унгарскиот премиер во изминатите месеци вложи многу напор за да ја увери домашната јавност да и се спротивстави на ЕУ и на нејзиниот план за квотите, според кој, како што вели Орбан , на унгарска територија би се населило „неунгарско население“.