Четиринаесеттото коло од германската Бундеслига беше заклучено со неверојатниот резилтат во Менхенгладбах каде што гостинскиот Фајбург со шест голови во првото полувреме ја потопи домашната Борусија.
Фрајбург ја игра една од своите најдобри сезони во елитното германско натпреварување, но вака изразената победа беше сосема неочекувана. Гостите во победата од 6:0 остварена во првото полувреме имаше дури шест различни стрелци, и тоа Максимилијан Егештејн во 2, Кевин Шаде во 5, Филип Линхарт во 12, Николас Хефлер во 19, Лукас Хелер во 25 и Нико Шлотербек во 37 минута.
Со оваа победа Фрајбург се врати на четвртото место со 25 бодови, зад третиот Баер Леверкузен со 27, второпласираната Борусија Дортмунд со 30 и водечкиот Баерн Минхен со 34 бодови. Борусија Менхенгладбах падна на 13-то место со 18 бодови, пет бодови повеќе од опасната зона.
Во вториот неделен дуел Штутгарт и Херта одиграа без победник со резултат 2:2, иако домашните водеа со 2:0. Омар Мармуш во 15 и Филип Ферстер во 19 минута му донесоа водство на Штутгарт, но Херта го имаше Стеван Јоветиќ кој беше прецизен во 40 и 76 минута.
Штутгарт остана 15-ти со 14 бодови, бод над зоната на испаѓање, а Херта е 14-та со 15 бодови.