НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО: Се спушти во активен вулкан

Сем Косман се спушти во окното на активниот вулкан Марум на островот Амбрим во Тихиот Океан. Неговиот тим се врати со оригинални фотографии и снимки направени со дрон во внатрешноста на вулканот.

За да може да се спушти во вулканската купа 33 – годишниот Косман носел униформа специјално подготвена за потребите за овој подвиг, којашто може да издржи температури повисоки од 1. 600 степени Целзиусови.

– Многу е тешко да се дише и користите респиратор за да внесете колку можете повеќе кислород во себе. Го чувствувате превирањето на тлото под вас и го чувствувате сулфурот, вели тој за Раша Тудеј.

Експедицијата успеа да земе примероци од околината на вулканот, со цел да се обезбедат повеќе сознанија за микро-организмите што живеат во такви средини.

Оваа информација е неопходна за подобро разбирање на потеклото на животот на Земјата и во пошироки рамки, на другите планети.