Невработеноста на историски најниско ниво- падна на 27,9 отсто

Стапката на невработеност во третиот квартал од годинава изнесува 27,9 проценти и бележи намалување во однос на претходниот квартал за 0,3 отсто, а во однос на третиот квартал лани 0,8 отсто, велат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на невработени во третиот квартал изнесува 267.428 лица, додека активното население брои 690.965. Стапката на активност во овој е 57,3 отсто и стапката на вработеност е 41,3 отсто.

Меѓу невработените повеќе од половина, односно 61,1 отсто се мажи, а 38,9 отсто жени.

Од 15 до 24 години невработени лица се 50.275, од 25 до 49 години невработени се 165.325 лица и од 50 до 64 години бројот на невработени изнесува 51.458 лица.