Софија нема примено официјално известување дека е откажан „Јужен поток“

Бугарските власти се уште немаат примено официјално известување од Москва,дека е откажана реализацијата на проектот за гасоводот „Јужен Поток“-пишуваат британските медиуми,повикувајќи се на извори во Софија.

Истите извори тврдат дека руската страна ги нема известено за откажувањето ни Европската Комисија во Брисел,која сега бара формално објаснување за како што се вели, „едностраната одлука„ на Русија да се повлече од целиот проект,замислен во времето на руско-европското партнерство.

Проектот западна во криза кога руската државна компанија „Газпром„ почна да инсистира на правото да има ексклузивен пристап до гасоводот,додека Европската Комисија се спротивстави на тоа,означувајќи го тоа како монопол на компанијата,што е спротивно на законите во ЕУ.

Работите се усложнија откако избувна украинската криза,а посебно по руската анкесија на Крим и запирањето на испораките на руски гас за Украина,кога Западот стана максимално претпазлив од заканата да стане целосно зависен од руската енергија.

Проектот целосно застана,по неодамнешата изјава на рускиот претседател Владимир Путин во Анкара,дека наместо кон Бугарија (и Србија),а од таму и кон уште неколку членки на ЕУ,започнатиот гасовод сега ќе се пренасочи кон Турција.Путин за ваквиот расплет ја обвини ЕУ,навестувајќи дека сега Турција може да биде територијата преку која ќе се шири гасоводната мрежа.

Властите во Софија тврдат дека Бугарија е најмногу погодена со руската одлука.Со овој проект,требаше да се направи „бај-пас„ и да се заобиколи Украина,па гасоводот по црноморското дно,требаше да навлезе во Бугарија и од таму да се распределува.Бугарските фирми веќе работеа на изградбата на гасоводот на нивната територија и почнаа со ппставувањети на цевките.

Сега никој не знае што ќе биде понатаму, со фирмите вклучени во работата, со бројната опрема,како и со стотиците цевки оставени кај Варна.За бугарските власти,останува отворено и прашањето, што ќе биде со проектот што требаше да обезбеди гасифицирање на овој дел од ЕУ.

Во Брисел оваа недела се одржа првиот состанок на министрите за енергетика на Унијата,посветен на иднината на проектот.На владата во Софија и е дадено ветување дека европските земји ќе и помогнат во изнаоѓањето алтернатива за енерегетската ситуација во земјата,како и за средставата на кои Бугарија сметаше со изградбата на гасоводот.

Според лондонските медиуми, кои сега почнаа да се интересираат за овој проект,во бугарската јавност има поделено мислење околу причините за ваквиот расплет со „Јужен поток„.Едни веруваат дека станува збор за „блеф„ на Москва за да се притиснат Бугарија и ЕУ,да го сменат курсот,додека други сметаат дека Русија,по воведените санкции и со економската криза во која запаѓа,нема сили за еден ваков проект кој за Москва никогаш немал примарно значење.