Невработеноста во Грција падна на 11,4 отсто

Стапката на невработеност во Грција се намали на 11,4 отсто во ноември 2022 година, наспроти 11,5 отсто во октомври и 13,1 отсто во ноември 2021 година, објави грчкиот завод за статистика, пренесува Катимерини.

Министерот за труд Костис Хаџидакис рече дека кога ја презеле функцијата невработеноста била 17,5 отсто, а денес е 11,4 отсто. „Овој пад од 6,1 процентен поен не е автоматски, туку е резултат на владините даночни, фискални, трудови и осигурителни полиси“, посочи тој.

Бројот на невработени изнесува 527.758, што е пад од 14 отсто во однос на ноември 2021 година и за 1,1 отсто помалку од октомври 2022 година, според податоците на заводот за статистика објавени во вторникот.

Стапката на невработеност кај жените беше 14,7 отсто (од 17,5 отсто во ноември 2021 година), а кај мажите падна на 8,7 отсто од 9,4 отсто.

Бројот на вработени во ноември изнесува 4.115.797, што е за 0,8 отсто повеќе од ноември 2021 година и за 0,2 отсто повеќе од октомври 2022 година.