Невремето што попладнево беснееше во полошкиот регион однесе една жртва.
Според неофицијални полициски информации во селото Голема Речица во дворот од куќата на Љ. Б. пронајдено е починато малолетно дете, исфрелено од Речишка река со видливи повреди во пределот на главата.
Во тек е увид, а надлежен јавен обвинител наредил обдукција на момчето. Полицијата допрва ќе го утврдува идентитетот на детето.
Понеделник ќе ни донесе уште еден нестабилен ден, иако почетокот на денот нема да наликува на такво нешто. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен и југозападен ветер. Попладне развој на нестабилна облачност која што ќе донесе дождливи денови и грмотевици, а локално можна е појава на невреме. Врнежи од дожд се очекуваат и во вечерните часови.