Независниот полициски синдикат бара законска заштита од напади и повисоки плати

Поради зачестените напади врз полициските службеници, кои се малтретирани и повредувани, а кога се обидат да се заштитат, против нив се покренуваат обвиненија за злоупотреба на службата, незацисниот полициски синдикат организираше протест во Штип. Бараат итна промена на Законот за полиција и Кривичниот законик и пропишување на минимална казна затвор од 5 години за напад на полициски службеник.

– Да се изменат одредени законски решенија, за навистина да се одлепиме од дното за кое сме цврсто залепени, односно, не залепи МВР бидејќи немаат слух за она што ние го говоревме. Во изминатите неколку месеци наназад, бројката надмина повеќе од 100, повредни, односно, нападнати. За брзо време ќе го види јавноста пред Триумфалната капија, бројчаник со кој ќе се бројат нападнатите полицајци од лошите закони кој во моментот ги има во Македонија, изјави Гоце Делчев, претседател на Независен синдикат на полицијата

Протестот го подржа и затворската полиција, револтирани од неодамнешниот инцидент во затворот во Идризово, кога 10 нивни колеги беа повредени од страна на осуденици.

– Се има случувано палење на возила на колеги, има закани кон колеги, кон нивните семсјтва, кон нивните деца, така што моментално состојбата на полицајците е на некое најниско ниво, изјави Тихомир Ивков, претседател на Независен синдикат на затворска полиција при КПД-Штип

Работат високо ризична проефесија, велат, земаат плата од 25 000 до 30 000 денари, а има и парадоксални ситуации.

– 320 полициски службеници се со одземено оружје, со одземен пиштол, а вршат службени работи, така што состојбата е многу сериозна, додаде Делчев

Од Независниот синдикат најавија дека протести ќе одржуваат секоја сабота во различни градови на Македонија.