Независниот синдикат на државна администрација денеска соопшти дека нема да организира, ниту пак ќе учествува во протест или штрајк бидејќи е исполнето барањето за исплата на плата за јануари за здравствените работници.
„По основ на искажаното дека нема да поднесеме кривична пријава против одговорно лице или фирма со оштетувањето на ИКТ систем ние дознавме од медиуми, известувања како и изјава од претседателот на Владата. Сметаме дека пред сѐ обврска е на институцијата да поведе постапка за заштита на ИКТ систем како оштетена страна“, пишува во денешното соопштение од синдикатот.
Претставници на Синдикатот вчера на прес-конференција најавија дека ќе поднесат кривична пријава против „лицата кои го довеле Фондот за здравствено осигурување во ваква ситуација”.
Фондот за здравствено осигурување на почетокот на месецов беше цел на хакерски напад поради што беа оневозможени сите услуги што ги дава меѓу кои и исплата на платата за здравствените работници.
Како што соопшти Фондот од денеска ќе почне и етапната исплата на породилните, боледувањата и рефундациите за лекување.