Незири: Стоте дена на оваа Влада се целосен неуспех во сите клучни сфери за земјата

Овие сто дена се целосен неуспех на владата, затоа што тоа што го ветуваа во нивните изборни кампањи не успеаја ништо да реализираат, вели пратеникот на Алијансата за Албанците, Аднан Незири.

Тој во емисијта „Арти и финанцс“ на телевизијата Клан Македонија истакна во секторите коишто се важни, потребни и неопходни како што се здравството, економијата и социјалното поле власта целосно потфрли. Во здравствот, вели поради тоа што не успеа добро да ја изменаџира ситуацијата со корона вирусот затоа што во македонските болници имаме голем број на смртни случаи, што Македонија ја смести високо на светските листи по смртни случаи од Ковид-19.

„Во здравството, се разбира поради лошото менаџирање на ситуацијата во болниците каде што имаме големи бројки на смртни случаи каде што Македонија се рангира високо на светските листи по смртни случаи, што покажува дека државниот систем не беше поставен како што треба“, рече Незири.

Додаде дека економските мерки на Владата беа задоцнети и несоодветно планирани, што доведе и го колапс на економијата.

„Што се однесува на економско социјални перки, тие беа задоцнети. Имаме четири пакет мерки, кои се во многу голема вредност, над една милијарда. Но, тие не се донесени во неопходното време и на потребниот начин. Единствен успех на овие мерки беше единствено во социјалните трансфери кои на ннекој начин ја ублажија социјалната сосотојба, но не на посакуваното ниво. Додека што се однесува на економскиот развој, тука имаме целосен неуспех, затоа што за овој сектор не се мислело на време, не се донеле на време“, истакна Незири.

Додаде дека според некои податоци нивото на реализација на првите три пакети е некаде околу 35 отсто, што значи донесените мерки не се соодветно и навремено планирани.