НГИ Коалицијата на Египќани со поддршка на листите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

НГИ Коалицијата на Египќани ќе ги поддржи листите за пратеници кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, ова поддршка се заснова на долгогодишната соработка која што ја имаат НГИ Коалицијата на Египќани И ВМРО-ДПМНЕ, кое исто така се заснова на Меморандумот за Соработка од 2016 година.

„Како посебна, автентична и автохтона етничка заедница имаме голема поддршка од политичкиот субјект ВМРО ДПМНЕ предводена од лидерот, проф.д-р Христијан Мицкоски, како и од градоначалниците  кои произлегуваат од ВМРО-ДПМНЕ, а особено тука мислам првенствено на градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, како и на градоначалниците на Ресен и Битола,  Јован Тозиески и Тони Коњаноски. Предложените кандидати за пратеници, особено во 5- тата изборна единица, каде што се сконцентрирани и огромното мнозинство на Египќани, суштински се запознаени со приоритетните и суштински проблеми со кој се соочува мојот народ, Египќаните, и знаеме дека во наредниот период, како пратеници  ќе помогнат во решавање на проблемите на Египќаните. Веруваме во овие кандидати, како наши сограѓани и пријатели, и токму затоа даваме силна и недвосмислена поддршка“, истакна лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“ дипл. правник Демир Далип, кој додаде дека наредниот период очекува да се потпише Меморандумот за Соработка со ВМРО-ДПМНЕ, конкретно со лидерот проф. д-р Христијан Мицкоски , кој недвосмислено ги поддржува Египќаните во остварување на нивните уставно загарантирани права и слободи.