Ничева: Покрај ветувањето дека нема да има отпуштања, градоначалникот на Штип отпушти родител на две деца пред самиот почеток на учебната година

-Уште не формирана новата Влада, Општина Штип побрза да ги спроведе најавените реформи во јавната администрација, за намалување на истата за 20%. И покрај тоа што од страна на градоначалникот се ветуваше дека нема да има отпуштања од Општина Штип, како резултат на партиски реваншизам, се покажа спротивното. Во текот на вчерашниот ден, поради партиски пресметки, спакувани во незаконски изречени мерки, спроведени во време на Корона криза, пред почеток на школска година, на родител на две малолетни деца, дисциплинска комисија од Општина Штип, донесе одлука за отказ од работно место, истакна на денешната прес конференција, советничката во Совет на Општина Штип и претседателка на Унија на жени на Општина Штип, Весна Ничева.

-Како жени и мајки, апелираме да се преиспита донесената одлука, а воедно го повикуваме се уште актуелниот Градоначалник, во рамки на своите надлежности, да ја преиспита одлуката на дисциплинската комисија и својот мандат да го заокружи со исполнување на дадените ветувања, дека нема да има отпуштања на вработени од Општина Штип, додаде Ничева.