Ниеден од обвинетите за собраниските настани од 27-ми април не се чувстува виновен

Сите триесет и тројца обвинети за настаните во Собранието на 27-ми  април, од кои 31 се товарат за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а двајца за помагање, во понеделникот изјавија дека не се  виновни за делото кое Јавното oбвинителство им го става на товар.

Денешното продолжение на судењето беше последно на кое обвинетите можеа да ги дадат своите воведни зборови и да се произнеасат по прашање на вина. Всушност, за денеска се очекуваше да биде слушнат воведниот збор на обвинетиот Горанче Ангелов, но тој, иако најави нов бранител – кој не се појави, одби да говори.

„Никој од обвинетите не се чувствува виновен и таа фаза заврши и со завршувањето на оваа приправна фаза, на 31-ви август, започнуваме со фаза на изведување докази на обвинителството што е согласно Законот за кривична постакпаП, а доказите да бидат во смисла на сослушување на сведоците“, рече адвокат Сашко Дукоски.

Судењето за сорбаниските инциденто продолжува во петок и тоа во фаза на изведување на докази, односно со распит на сведоци и оштетени. Како што најави претседателката на судечкиот совет, судијката Добрила Кацарска, во петок ќе треба да се распитаат актуелниот министер Дамјан Манчевски и пратениците Фросина Ташевска-Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.На 7-ми септември се очекува да сведочи и премиерот Зоран Заев, како и министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Судијката Кацарска, која веќе одреди термини за наредните три месеца, или вкупно 28 рочишта, денеска одреди нови 15 термини за судење за декември и уште 14 термини за судење во јануари следната година.

На претходните три рочишта судијката Добрила Кацарска ги сослуша  воведните говори на обвинетите и обвинителството. Адвокатот Сашко Дуковски тврди дека одбраната има цврсти докази со кои ќе се оспори ова обвинение.