Нигер: Пучистите велат дека француските војници ја нападнале Националната гарда

Француските војници ги нападнале борците на Претседателската гарда и го нарушиле претходно затворениот воздушен простор на Нигер, изајви претставникот на Националниот совет за одбрана на татковината воспоставен по пучот, Амаду Абдраман за локалните телевизии.

„Националниот совет за одбрана на татковината ја информира локалната и меѓународната јавност за настаните со крајно сериозните настани кои се одвиваат во Нигер, за фактите и однесувањето на француските сили на нашата територија. Денеска, 9-ти август 2023 година, во 6,30 часот позициите на Националната град на Нигер (….) беа цел на напад“, соопшти офицерот.

Почистите во Нигер минатата седмица ги отповикаа договорите за воена соработка со Франција, кој беше нејзина западноеафриканска колонија до 1960-те. Франција во земјата има околу 1.500 војници, а има и една американска воена база, кои учестувале во борбата против џихадистичките групации поврзани со Исламската држава и Ал Каеда кои дејствуваат во земјите од регионот Сахел. Но, освен колонијалното минато, француските војски во регионот се обвинети за никаква борба против исламистите и присуство само за да ги заштитуваат финансиските интереси во западните земји, но и за тешки злосторства, вклучително и за силувања на деца. Буркина Фасо и Мали веќе ги протераа француските војници, од кои повеќето беа прекомандувани во Нигер.

Француската војска одби да го напушти Нигер, изјави претходно во средата Антинекар Ал Хасан, советник на соборениот претседател Мохамед Базум.

„Хунтата бараше заминување на Французите, но Французите одбија да заминат. Тие немат намера да ја напуштат земјата, зашто ова е нелегитимна власт“, изјави Ал Хасан .

Според Абдраман, франциските сили „еднострано ги ислободиле приведените терористи“ и кренале во воздух борбен аввион во Нџамена кој „намерно го прекина секој контакт со контролата на летање откако влезе во нашиот воздушен простор“. Истакна дека се прецизираат информации за ранети и загинати.

Водството на пучистите нареди кревање на борбената готовност низ целата земја. Умар Сисе Булкаси, потпретседател на движењето Здружението за пореродба и реформа (RER Sabon-Tashi) изјави за медиумите дека доброволците кои ги поддржуваат пучистите во главниот град Ниамеј формирале одреди кои патролираат и соработуваат со војската.

Кон крајот на јули долгогодишниот командант на Претседателската гарда, генералот Абдурахман Тјиани, објави дека е притворен претседателот Мохамед Базум, обвинет за осиромашување на земјата со значителни резерви на злато, нафта и ураниум кој го користи Франција. Уште истиот ден Тјани ја доби поддршката од воениот врв и од жандармеријата, како и од многу жители на 20-милионската земја којашто и покрај значителните природни ресурси е една од најсиромашните држави на светот.

Одговорноста за превратот и за водење на земајта во следниот периот ја презема Националниот совет за одбрана на татковината составен од воените команданти кој го избра Тјани за привремен водач на земјата.

Економската заедница на западноафриканските земји (ECOWAS), чиј член е и Нигер, се закани дека ќе употреби сила доколку Базум не биде вратен во рок од една седмица. Ултиматумот истече во неделата. Според, извори од ECOWAS, разработен е планот за воена инвазија врз Нигер, но медиумите наведуваа дека во соседната 200-милионска Нигерија, чии трупи би требало да ја предводат инвазијата, се колебаат, имајќи ги превид речиси секојдневните напади на џихадистите од движењето Боко Харам.

Телевизиите Al-Arabyia и CNN претходно во средата известија дека војската на Нигер ги распоредила засилувањата на аеродромот и другите стратешки позиции во главниот град Ниамеј подготвувајќи се за можната странска интервенција. Франциското радио RFI, чиешто емитување на територијата на Нигер го суспендираа властите на пучистите, објави дека во воената интервенција на ECOWAS веројатно ќе бидат вклучени војските на Нигерија, Сенегал, Бенин и Брегот на слоновата коска.

Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, рече дека ЕУ „ќе ги поддржи сите напори на ECOWAS за решавање на ситуацијата“. Во исто време, Брисел смета на преговори, но бунтовниците одбија да ја примат делегацијата на блокот на разговори во Ниамеј, а исто така одбија и разговори со заменичката на американскиот државен секретар Викторија Нуланд.