Нигерија, аутсајдерот во групата „Д“ до вчера, во пресрет на судирот на Аргентина и Хрватска во Нижни Новгород имаа коефициент 10 за нивно влегување во осминафиналето на Мундијалот. Африканските „Супер орли“ стигнаа во Волгоград каде што вечерва ги чека решавачкиот дуел против Исланд. Ако ги победат Исланжаните имаат на што да се надеваат, а ко загубат, јасно им е дека ги губат сите шанси.
Го гледавме уште еднаш натпреварот со Хрватска за да ги видиме нашите грешки и да ги исправиме. Не чека тежок меч, мора да бидеме на највисоко ниво и попрофесионални во дефанзива, особено по прекините. Верувам дека со напорна работа можеме да постигнеме добар резултат. Да бидам искрен, не ни треба дополнителен притисок, објаснува селекторот на Нигерија, Гернот Рор.
Букола Сараки, претседател на нигерискиот Сенат ќе го следи натпреварот во Волгоград за да им даде поддршка на фудбалерите, со кои ќе комуницира и претседателот Мухамаду Бухари.
Парите, во минатото беа голем проблем кај „Супер орлите“, кои поради неисплатените премии штрајкуваа на Купот на Конфедерации во 2013 и една година подоцна на Светското првенство во Бразил, кога од татковината им стигна кофер о пари за да го одиграат натпреварот со франција. Тие пари во Нигерија се државна работа, па челниците на државата со најмногу жители во Африка овој пат не направија иста грешка.
Парите биле исплатени пред почетокот на турнирот во Русија, а играчите против Хрватска ја пропуштиле можноста за дополнителна заработка. Секој од нив ќе беше награден со по 10.000 долари ако со победа го отворија турнирот. И спонзорот Аитео им ветил 50.000 долари награда за уривање на Хрватите, а Сараки, кој донираше 50.000 долари пред патот во русија, им ветил уште 50.000 за секој добиен натпревар.
Иако сме фудбалери, ние сме и Нигеријци.Поразот го оставивме зад себе, ќе дадеме се против Исланд, ќе гинеме за победа, нагласи еден од најдобрите, Вилфред Ндиди.
Натпреварот Нигерија- Исланд се игра од 17 часот, а Исланѓаните не подготвуваат ништо спекткуларно и најавуваат дека ќе ја играат својата игра, цврсто и чекајќи ја својата шанса.