Нигерија забрани генитално обрежување на жените

epa04727594 Some of the women and children rescued from insurgents by Nigerian troops, in Sambisa forest, Nigeria, 30 April 2015. According to a statement from the Nigerian military on 28 April 2015, 200 girls and 93 women have been freed from the hands of Islamist terrorist group Boko Haram. Military spokesman Chris Olukolade announced the military successfully liberated the women and girls in the region of Sambisa forest but the more than 200 girl students kidnapped from their school in the town of Chibok more than a year ago were not among those freed. EPA/STR

Поранешниот претседател на Нигерија, Џонатан Гудлак, пред истекот на својот мандат издал наредба со која гениталното обрежување на жените се прогласува за кривично дело.

Според проценките на Детскиот фонд на ОН околу 19,9 милиони девојчиња во Нигерија досега биле подложени на ритуално засекување на гениталиите.

Ваквата уредба беше поздравена од организациите за човекови права, кои сметаат дека таа претставува пресвртница во односот кон женските деца во Нигерија и дека може да ги поттикне и останатите африкански земји на сличен чекор, пренесува МИА.

– Со одлуката на Нигерија гениталното осакатување да го стави надвор од законот се испраќа силен сигнал не само во земјата, туку и во цела Африка, изјави директорот на Африканскиот центар при Атлантскиот совет, Питер Фам.

Тој нагласи дека Нигерија има една од најголемите стапки на обрежување на девојчињата во светот и затоа не треба да се потцени влијанието што ваквата одлука ќе го има врз останатите земји во Африка.

Според едно истражување на УНИЦЕФ, во 2013 година ширум светот биле обрежени над 125 милиони девојчиња.