Поранешниот хрватски селектор Нико Ковач повеќе не е тренер на минхенски Баерн, објавио во неделата германскиот фудбалски гигант.
На итниот состанок на управата одржан во неделата, Ковач понудил оставка, а челниците на клубот ја прифатиле.
„Настапита на напиот тим последните седмици и резултатите кои ги остваривме, ни покажаа дека треба да делуваме. Ули Хенес, Хасан Салихамиџиж и јас имавме отворена и сериозна дискусија со Нико и дојдовме до меѓусебна одлуга дека Нико повеќе не е главен тренер на Баерн. Сите жалиме поради ваквиот развој. Би сакал да му се заблагодарам на Ковач за неговата работа, особено за двојната круна минатата година“, истакна извршниот директор на клубот Карл-Хајнц Румениге.
Иако се чинеше дека ќе „преживее“ и покрај шокантниот и убедлив пораз од 1:5 против Ајнтрахт од Франкфурт, Ковач заминува од Баер. До следниот чекор на управата тимот ќе го води Ханс Флик,, но се очекува дека новото тренерско име набрзо ќе биде најдено.
Ковач го презема Баерн во април 2018 година од Јуп Хејнкенс и уште во првата сезона беше на работ од отказ, но слабите резултати на најголемиот ривал Борусија Дортмунд во пролетниот дел од сезоната му овозможи освојување на титулата и останување на клупата на Баварците.