Во ек на дебатата за почитувањето или непочитувањето на државно знаме, која доаѓа по популистичкиот потег на бугарскиот претседател Румен Радев и фотографијата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, без македонско знаме, новинарскиот тим на телевизијата „Канал 5“ среде Скопје ја констатира следната состојба.
Македонското државно знаме не е поставено на голем број Министерства среде главниот град и покрај тоа што тоа е обврска од Законот за употреба на знамето.
-Знамето на Република Македонија е постојано истакната на објектите во кој се сместени функционерите кои раководат со Министерствата во Владата на Република Македонија.
Во Министерството за труд и социјална политика јарболите се празни. И покрај обврската тука со години, државно знаме нема.
Во зградата на Нова Македонија се сместени девет врвни државни институции меѓу кои и Министерството за образовани, Министерството за администрација, тоа за локална самоуправа, како и Државната изборна комисија и орагани на Министерството за Култура. Македонското знаме не е истакнато на местото предвидено за тоа. На врвот на високата зграда има друг проблем. Таму некогаш тоа беше истакнато. И на овој објект нема ниту едно знаме.
„Самопонижување среде Скопје, но еклатантно и кршење на Законот за знаме“, објавува ТВ Канал 5.
-Со парична казна до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице, кое употребува оштетени или со својот изглед неподобни за употреба грб и знаме на Република Македонија.
Такво, оштетено, е знамето поставено на врвот на зградата на МТВ, каде што се сместени огромен број државни органи. Уништено е знамето и пред Државниот завод за статистика, како и пред Управниот суд. Македонско знаме го нема ни пред новата зграда на Министерството за транспорт и врски. Државниот симбол го нема, но од продавничките во истата зграда можете да си купите капи и чорапи. Слично е и состојбата на објектот на Министерството за култура
Државното знаме го нема и пред други врвни државни и националните објекти. Нема знаме ниту на објектот на МАНУ.
„Јарболи предвидени за тоа има, желба тоа да се постави нема“ наведува телевизискиот прилог.
Знаме нема ни пред новата и старата зграда на Кривичниот суд. Нема ни пред Националните установи како театарот…