Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант Милан, Адријано Галијани ја демантираше последната шпекулација пласирана од англиските медиуми дека лондонскиот премиерлигаш Арсенал има испратено примамлива понуда за контроверзниот напаѓач Марио Балотели и дека истата најверојатно ќе биде прифатена од “росонерите”.
“Не е точно дека сме добиле официјална понуда од англискиот клуб Арсенал. Нема никаква понуда, нема никаков контакт со челниците на Арсенал. Во овој момент, нема никаква понуда за Марио. Нема таков клуб кој има испратено официјална понуда. За секоја нова, конкретна, точна информација ќе бидете известени во најбрз можен рок”, изјави главниот оперативец на Милан.
За разлика од англиските медиуми, италијанските се убедени дека контроверзниот напаѓач ќе остане на “Сан Сиро” и откако ќе заврши летниот преоден рок затоа што не постои таков клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 30 мил. евра.