
По успешната битка против коронавирусот на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, уште еден врвен српски спортист излезе како победник во борбата против болеста Ковид-19.
Станува збор за кошаркарот Никола Јокиќ, чиј втор тест на коронавирусот е негативен, што значи дека ќе може да им се приклучи на своите соиграчи од Денвер нагетс и да ја доигра НБА-сезоната во Орландо. Тој се зарази за време на престојот во Србија и тоа многу веројатно по контактите со Ѓоковиќ, со кого беа заедно на прошталниот меч на тренерот на Мега Бемакс, Дејан Милојевиќ во Белград.