
Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” во изборната единица 6, Никола Попоски, денес е во посета на населените места од општината Маврово Ростуше.
Прво, Попоски оствари средба со здравствените работници од Здравствениот дом “Русе Бошковски”во Ростуше, потоа го посети реконструираното Средно општинско училиште “Маврово Ростуше” и оствари средба со градоначалникот Мукрем Мехмеди, во седиштето на општината.
Дополнително, Попоски оствари средби со месното население од селата Битуше, Требиште и Велебрдо, пришто ги посети старата печатница и црквата “Св. Илија” во Битуше и пиеше чај со жителите на Требиште и Велебрдо.
Денешните активности на Попоски продолжуваат со посети на селата Јанче, Аџиевци, Присојница, Скудриње и Жировница.