Барањето е едно и е многу едноставно, бараме од Зоран Заев да ја изнесе пред целокупната македонска јавност кои се тие тајни преговори кои во негово име Владо Бучковски ги води во Софија, кој е тој тн. пртокол и што е содржината на тој тн. протокол за кој таму се преговара, рече Александар Николоски, потпретседател и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во вклучувањето во вестите на Канал 5 телевизија.
Тој додаде „затоа што нашите инфорации се дека се работи за договори кои директно задираат во македонскиот национален идентитет, во самобитноста на македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура“.
„Затоа сметаме дека македонската јавност треба да е запознаена со содржината на овие преговори со цел да може соодветно да реагира и да се спречи уште едно национално предваство. Ние блокираме во Скопје на три локалции и уште во 10 града правиме блокади“, рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа и дека до сега никој не демантирал тоа за што говорат од партијата, а тоа е дека се водат тајни преговори и дека се задира во идентитетот на македонскиот народ.